Цевчести грејни тела
Сметана како група со најголема разновидност на грејни тела групата на цевчести грејни тела нуди широк спектар на репроматеријали и форми кои можат да се речиси за секаква температура и на речиси секое место било да треба да се грејат тврди, течни или гасовити супстанции. Структурата на цевчестите грејни тела овозможува нивно моделирање во разновидни форми кое пак само по себе создава предност во подобрувањето на преносот на топлината, како и поголема компактност и поедноставување на процесот на монтирање.
Цевчестите грејни тела се конструирани од метална цевчеста обвивка во чиј центар се наоѓа соленоид (спирала) од Никел-Хром жица со одредена отпорност цврсто набиена со електричен изолатор и добар топлопроводник Магнезиум оксид (MgO). На овој начин спиралата (грејач) се заштитува од надворешните влијанија како што е корозијата и механичките влијанија. За олеснување при монтажата на овие грејни тела може да се стават додатоци како што е прирабницата (фланша).
Каде се користат најчесто и видови
Греење на вода (Потопни грејачи)
Жешката вода и пареата се користат во бројни процеси во индустријата како и кај апарати за широка потрошувачка. Во многу од овие случаи најдобро решение се потопните грејачи поради ефикасноста и цената.
- Корозивна емулзија за обложување на бањи и цистерни за чување на киселини.
- За слатка и солена вода во земјоделие и при стерилизација
- За восоци и други супстанции на кои им е потребна висока температура за да може да се обработуваат
- Масла и масловидни супстанции кои треба да се загреваат постепено
Греење на воздух
Кај овој процес грејниот систем се заснова на тоа да цевчестите грејни тела го загреваат воздухот во нивната околина. Снагата зависи од температурата и брзината (доколку постои) на проток на воздухот или гасот преку грејното тело. Грејните тела можат да бидат поставени во групуи поради подобра ефикасност.
- Херметички затворени печки за висока температура
- Печки за сушење / подгревање
- Херметички затворени грејни комори кај системи со трака
- Инкубатори и други видови на грејни шкафови
Греење со зрачење (Инфрацрвено)
Греењето со зрачење или инфрацрвеното греење се користи таму каде запечатувањето на работната околина е невозможно или непрактично. Во овој случај, грејните тела ги загреваат цврстите честички кои ќе се најдат на патот на инфрацрвеното зрачење. Поради ова овој начин на греење е најпогоден за загревање на честички или објекти на отворено.
- Пушари за риба, месо и др.
- Отворени транспортни системи со траки
- Процеси на обојување и сушење на боја
Загревање на метал
Овие грејни тела се дизајнирани да пренесуваат енергија (топлина) на или во тврди метални елементи. Цевчестото грејно тело може да биде зацврстено на или подобро залиено во металниот елемент. ЕГТ се водечки во оваа област затоа Ве молиме не се двоумете да не контактирате.
- Стегнато врз металниот елемент
- Залиено во металниот елемент