Појасни, плоснати и грејни тела во различна форма
Појасни грејни тела
Постојат безброј типови на појасни грејни тела и нивни плоснати варијации. Во една машина за леење или извлекување може да има и до 12 различни типови на ваков вид грејни тела. Појасните грејни тела се нарекуваат со различни имиња во однос на големината и местото каде се наоѓаат кај некој машина.
Ние всушност нудиме целосен бесплатен увид на лице место за да Ви обезбедиме појасно грејно тело кое ќе ги задоволи сите потребни критериуми.
Свитливи појасни грејачи (Изолација со прешпан)
ЕГТ свитливите појасни грејачи се дизајнирани за да овозможат нивно монтирање и демонтирање без притоа да треба да се демонтираат други грејни тела или елементи.
Се произведуваат од специфични никел-хром лајсни намотани околу носачи од прешпан и потоа е обвиткан со иноксна престилка. Нерѓосувачката стега обезбедува непречена работа на температура од 350°C со препорачана густина од 4 W/cm2. Излезите можат да се изработат во голем број варијанти.
Керамички појасни грејачи
Дизајнирани за инсталација каде свитливите појасни грејачи не се погодни. Керамичките појасни грејачи обично се користат за елиминирање на навлегувањето на течности или материјали во внатрешните намотки на грејачот.
Спиралниот никел-хром грејач е вметнат во специјални висококвалитетни порцелански носачи кои се исполнети со магнезиом оксид како топлопроводник. Потоа овие се обвиткани со иноксна обвивка. Може континуирано да работи на температура до 450°C и максимална густина од 60 kW/m2.
Плоснати и обликувани грејни тела
Има само неколку ограничувања за ЕГТ при производството во оваа област и дизајн. Овие грејачи се користат за загревање на равни површини или квадратни елементи одвнатре, однадвор или од двете страни.
Плоснати и обликувани грејни тела
Прешпан изолирани, инокс обложени плоснати грејни тела за таму каде што е невозможно користењето на појасни грејачи. Овие се произведуваат вообичаено заедно со метална плоча по спецификација и можат да бидат со вграден топлински сензор за одлична контрола. Се градат од различни репроматеријали кои одговараат на примената.